Лорен Бодеи од Ридинг, завршила во болница, каде била оперирана два пати поради каснување на пајак во нејзината куќа. Од тогаш, нејзиното семејство е преплашено. Пајакот предизвикал хаос во домот, бидејќи ги каснал нејзиниот син и нејзиното поранешно момче. На двајцата им била потребна медицинска помош.
Лорен забележала црвена точка на ногата додека била во купатилото. Следниот ден местото било отечено, а оваа 27-годишна мајка на четири деца била во агонија. Лекарите ја вратиле дома и и’ препорачале антибиотици. Состојбата се влошила, па по два дена повторно била во болница, овој пат лекарите сфатиле дека мора да оди на операција, пишува Дејли меил.
Нејзиното поранешно момче Лук(25), се грижел за нејзините четири деца додека таа била во болница. Но и тој завршил во болница, бидејќи пајакот го каснал на тестисите, додека синот Морган (5) поминал со мало отекување на раката.
Лорен за “Сан” изјавила дека пајакот и предизвикал толку многу проблеми, што сега ги убива сите пајаци кои ќе и излезат на патот.
Ф.Г.