На фејсбук страницата “Помош на животните Прилеп – Prilep Animal help” објавена е фотографија од претепани кучиња.
Според она што го пишува, сцената се случила денеска среде бел ден, кога едно лице држејќи нож во раката држел врзани три кучиња и крвнички ги тепал.
Дали е можно ова да се случува во период од денот кога низ плоштадот “Методија Андонов-Ченто” поминуваат стотици граѓани?
“ПОВТОРНО ПРИЛЕП СЕ ЈАВУВА. КАЈ НАС НЕМА ДЕН А ДА НЕ СЕ ПОЈАВИ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ЖИВОТНИ. ЕВЕ ВАКА ПРИЛЕП ДЕНЕС 07.02.18 ОВА Е СТРОГ ЦЕНТАР НА ПРИЛЕП НА ПЛАДНЕ КОЈ СИТЕ ЈА ГЛЕДАЛЕ СЛУЧКАТА И СИ ГЛЕДАЛЕ СЕИР И ПИЕЛЕ КАФЕ.
ВРЗАНИ ТРИ КУЧИЊА ОД ЛИЦЕ КОЕ ИМАЛО НОЖ ВО РАКАТА ГИ МАЛТРЕТИРАЛО И ТЕПАЛО. ЛИЦАТА КОИ ГИ ЧИСТАТ ЧЕВЛИТЕ РЕКЛЕ ОСТАВЕТЕ ГО ЧОВЕКОТ НЕГОВО Е ШТО САКА ЌЕ МУ ПРАВИ. ЗНАЧИ ТИЕ ГО ЗНААТ ЛИЦЕТО КОЕ ГО НАПРАВИ ОВА ЗЛОДЕЛО НА НЕВИНИТЕ ДУШИЧКИ КОИ КВИЧЕЛЕ НО КОЈ ДА ГИ СЛУШНИ НИЕ ТУКА СИТЕ ГЛУВИ.
КОН БЕЛОТО КУЧЕ Е ФРЛЕНА КАНТА СО БОЈА И Е МАВАНО СО НЕА И ГЛЕДАТЕ КРЗНОТО ВО КОЈА БОЈА Е ИЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА Е БЕЛА НЕ ЗНАМ БИДЕЈЌИ СТЕ СЛЕПИ ОЦЕНЕТЕ САМИ. УПРАВА, ПОЛИЦИЈА ИМА ЛИ НЕКОЈ?!?!?!!?! НАКРШИ ОВА ЗЛОДЕЛО Е ОПШТИНАТА ВО ПРИЛЕП”, стои во објавата на страната.