Тројно убиство и самоубиство викендов ја потресоа Македонија. Во 10 часот непознато лице извршило убиство на три лица. Полицијата информира дека едно лице е убиено во селото Глумово, додека две лица се убиени на влез во селото Кондово.
При обид за приведување на лицето во селото Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, истото извршило самоубиство.
Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увидот е во тек.
Најверојатно сторител е Ш.С. од селото Глумово.
Се очекуваат повеќе детали од МВР.