Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на вештачкото езеро во Прилеп.
Според неофицијални информации едно лице загина, а едно лице е повредено, но се наоѓа надвор од животна опасност.
Пределот над прилепското вештачко езеро е познат по дрвокрадството кое се случува тука, а според очевидци возилото со кое управувало сега починатото лице, било токму за таа намена.
Патот над езерото, во близина на рудникот за мермер кај селото Присад е блокиран, а полицијата врши увид и ги испитува точните прични за настанатата несреќа.