ХОЈТ ЈИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Брајан Хојт Ји поднел оставка на местото помошник заменик државен секретар на САД за Европа и Евроазија, соопштиле за Ал Џезира од Стејт Департментот.

Во одговорот е наведено дека Хојт Ји за напуштањето на сегашната должност ги известил колегите во американското Министерство за надворешни работи.

На оваа позиција тој беше од 2013 година.

Како негов наследник неофицијално се споменува некогашниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина Џонатан Мур.

Инаку, во јавноста се шпекулира дека Хојт Ји би можел да ја преземе должноста амбасадор на САД во една од државите на Западен Балкан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.