ХИТ во светските медиуми: Македонка во продавница за суплементи ја пронашла својата љубов откако ослабела 35 килограми

42D9323400000578-4746586-image-a-1_1501509310109

Кристина Неделковска (23) вели дека ако не започнела со диета и вежбање, никогаш немало да ја пронајди љубовта на својот живот, пишува Дејли Мејл.

“Отидов да си купам суплементи од продавница за витамини и сретнав згодно момче. Не го очекував тоа – тој беше како дар од Бог, вели Кристина која сега работи во салон за масажи во Монтаук во Њју Јорк, чие момче исто така признава дека немало да се заинтересира за неа доколку таа ја имала старата тежина.

Кристина била слаба за време на средношколските денови, а потоа во 5 месеци откако добила работа на брод во 2015 година, се здебелила. Храната на бродот била бесплатна за персоналот, а тоа била главната причина за нејзината прекумерно добиена тежина.

42D9325800000578-4746586-image-a-5_1501509336773

Секој ден на бродот јадела индиска и кинеска храна, хамбургери и пица. Исто така слегувала од бродот за да јаде слична храна во Италија, Франција и Шпанија.

“Немав контрола. Секој оброк јадев по неколку порции. Наскоро не ме собираше во униформата”, вели таа.

42D9323800000578-4746586-image-m-18_1501509416707

“Сите во моето семејство ми викаа: “Леле што си направила со себе си?”. Ја сакам храната но сфатив дека морам нешто да променам”, додава Кристина.

 

 

Кристина започнала да пие вода со лимон и мед секое утро и јадела пет мали оброци секој ден.

Потоа започнала да оди во теретана и да плива.

“Кога бев дебела се чувствувал некомотно. Ќе се погледнев себе си и ќе си речев, “Што сторив со себе?”. Но, кога ги изгубив вишокот килограми, ќе се погледнев и ќе си речев “Бравос, девојко”.

“Потоа започнав да купувам витамини и протеини од продавницата за суплементи. Никогаш не помислив дека таму ќе ја најдам мојата љубов”, вели Кристина.
42D9324400000578-4746586-image-a-10_1501509350106

Во февруари 2016, таа отишла во една од ваквите продавници во Скопје (каде што е родена) и го запознала Саше Трајановски (27).

Разговарале со часови, а потоа Саше ја поканил заедно да излезат.

Ниту тој не ја крие љубовта кон неа но признава дека немало да се заинтересира за неа доколку ја имала на себе претходната тежина.

42D9323C00000578-4746586-Whoops_Sashe_admitted_he_likely_would_not_have_asked_Kristina_ou-a-99_1501510470937

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.