ХАРАДИНАЈ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ЕРДОГАН: Во нашата куќа правиме како што сакаме, никој не смее да ни каже

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денес му врати на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека нема да дозволи да му се меша, како што наведува „внатрешните прашања на Косово“, пишува порталот инфомакс.

Турскиот претседател, кој го критикуваше Харадинај поради смената на министерот за внатрешни работи и шефот на тајната служба, го обвини дека „ги брани оние кои се обидоа да направат пуч во Турција“, на што Харадинај одговори дека „Албанците немаат обичај да се мешаат во туѓи работи“, јавува РТК1.

„Никогаш не сум се мешал во внатрешните работи на Турција. За решавање за работите во нашата куќа никого не прашуваме, тоа го правиме како што сакаме. На сите нека им биде тоа јасно“, рекол Харадинај, пренесува програмот на косовската радио-телевизија на српски јазик.

Протерувањето на шестмина турски државјани, припадници на движењето ФАТО, со кои раководи верскиот лидер Фетулах Ѓулен, предизвикало „земјотрес“ во односите помеѓу Анкара и Приштина, констатираше претходно приштинскиот портал „Газета експрес“.

Ердоган, денес, по втор пат, му се закани на Хардинај, а јавно го пофали претседателот на Косово Хашим Тачи, за помошта во апсењето и депортацијата на шестмина турски државјани, припадници на движењето ФАТО.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.