ХАОС: Тепачка меѓу шпански и руски навивачи, почина полицаец (ВИДЕО)

Центарот на Билбао вчера вечерта беше мегдан за пресметка меѓу шпански и руски навивачи како увертира за реванш дуелот меѓу Атлетик и Спартак Москва во шеснаесетфиналето во фудбалската УЕФА Европа лига.

Дивеењето на двете групи почнало пред стартот на средбата на „Сан Мамеш“ пришто еден полициски службеник го загубил животот како последица на срцев удар.

Според шпански медиуми, во судирот на завојуваните страни се користеле шишиња и димни бомби, па дури имало и огномет. Шпанската полиција набрзо ја ставила ситуацијата под контрола пришто уапсила двајца фанови на Атлетик Билбао и тројца на московски Спартак.

Рускиот тим на крајот славеше со 2:1, но пласман во осминафиналето оствари Атлетик Билбао благодарение на триумфот со 3:1 во првиот меч во Москва.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.