Пред почетокот на денешиот тренинг на стадионот на Могила, фудбалерите на Победа ја прифатија поканата на македонскиот иселеник од Мелбурн Австралија Тони Момировски да се потпишат на дресови, кои ќе бидат понудени на аукција меѓу Македонците во овој австралиски град.
Ова не е прва акција што ја организира Момировски. Во јуни организирал аукција од која со прибраните средства се искористени за набавка на медицинска опрема за Детската клиника која ќе биде доделена во понеделник на 21-ви август.
Дресовите со потписите на фудбалерите на Победа ќе бидат ставени во рамка и ќе бидат предмет на аукција меѓу македонската заедница во Мелбурн престојната есен, а прибраните средства повторно ќе бидат наменети за хуманитарни цели.