Фото: Цело село исчезнало без трага – никој нема објаснување

Иако изгледа како место од бајките, постои и дуга страна – мрачна тајна, која никој не може да ја одгатне.

Ирска е место со убави предели, а Ким Беј на брегот на Ачил островот претставува само уште еден пример на тие пориродни убавини.

Изгледа како да излегло од бајките, но ова место крие мистеријата која никогаш не е решена. Во прашање е едно од најодалечените острови во Ирска, а таму е формирано и село кое забрзано се ширело во 1838 година.

На самиот остров се наоѓаат уште неколку помали места. Меѓутоа луѓето кои живеат немаат никакви записи за поранешните жители. Речиси целосно напуштеното село имало повеќе од 4о куќи. Ама, се што денес на него се купишта на камења, блато и структури на темели.

Единствен запис за постоењето на селото се оние од патеписците кои ја опишувале неговата убавина, заедно со неколку споменици на “примитивни“ градби. Што се случило со селото на заливот Ким прашање е кое се обиделе да го одгатнат студентите на археолошката школа Акил, пишува Express.hr.

Пронајдени биле куќи изградени од блато, како и докази дека биле намерно уништени. Дали населбата ја уништиле селаните или надворешни сили останува нејасно. Едно од можните објаснувања е периодот на голема глад во Ирска кој се поклопува со времето на постоење на населбата, ама тоа не ги објаснува преостанатите урнатини.

Археолозите планираат уште едно истражување за кое се надеваат дека ќе им овозможи длабок увид во решавањето на мистеријата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.