Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ од почетоците на својата кариера па се досега не престана да го привлекува вниманието на јавноста и на медиумите. Едноставно, таа е на врвот.
Понекогаш тоа е заради музиката, но честопати причината за тоа е нејзиниот приватен живот, а овој пат тоа го направи со фотографија од пред 26 години.
Фотографијата е сликана далечната 1991 година, кога Цеца почнуваше да ги освојува овие простори со песната „Кукавица“ и да ја гради својата успешна музичка кариера.