Фото: Се роди бебе-џин

Мајка од Бразил го соборила болничкиот рекорд при раѓање на бебе тешко 5,5 килограми.

Маира Тревисан го родила бебето Габриел Тревисан Фереир на 19 септември во една болница во јужната бразилска држава Парана.

Докторите во болницата потврдиле дека тоа е најтешкото бебе родено во породувалиштето.

„Тоа беше шок, многу се изненадив кога го земав за првпат в раце. Не очекував дека ќе биде тешко и големо. Сега се навикнувам на него“, вели мајката.

Додаде дека докторот ѝ рекол дека никогаш во текот не видел на ултразвук толку големо бебе.

„Го потценив што се однесува до големината. Но, точно предвидев кога кажав дека тоа ќе биде најголемото бебе родено во болница“, вели тој.

Истакна дека медицинските сестри не престанале да се фотографираат со Габриел.

„Стана позната личност затоа што болничкиот персонал никогаш не видел толкаво бебе“, вели таа.

Најголемото бебе на светот беше родено во 1979 година и беше тешко 10 килограми. За жал, починало 11 часа по раѓањето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.