Македонската фолк-пејачка, Елена Велевска објави фотографија со која сите ги изненади.
Имено, носталгична по периодот кога била во блажена состојба одлучила да се потсети како изгледала тогаш, а на својот Фејсбук профил објавила и фотографија.
-И оваа година сакам пак да сум бремена – напиша пејачката во опис на фотографијата.
Таа веќе долги години е во брак со својот сопруг со кој заедно имаат три деца. Дали Елена оваа година ќе изненади со четврто останува да видиме.