Фотографијата која го расплака светот: Оваа сцена ќе ги скрши и најтврдите срца

Фотографијата од аргентинското девојче, кое на температура од околу 37 степени Целзиусови пие вода од вир на улица, го обиколила и шокирала светот.

На фотографијата се гледа девојче кое на колена и потпретно на раце пие вода од валкан вир. Фотографијата настанала за време на големите горештини кои ја погодиле Аргентина.

Девојчето, за кое очевидците тврдат дека е бездомничка, ја фотографирал локален новинар, а фотографијата набрзо се проширила на социјалните мрежи.

“Додека оваа земја е во пламен, ова мало девојче се освежува пиејќи вода од земја”, напишал тој и додал:

“Сигурно правиме нешто грешно како општество”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.