Aмериканската телевизија “Фокс Њуз” на својот портал објави дека македонскиот парламент го одобри носењето на албанскиот јазик за втор службен јазик во државата.
Македонскиот парламент ја одобри почетната верзија на законот за внесување на албанскиот јазик како втор службен јазик во државата, и покрај силните критики од страна на конзервативната опозиција, пишува во објавата.
Пратениците гласаа 66-41 во полза на проширување на службената употреба на Албанскиот јазик во целата државата.
Ethnic Albanians make up a quarter of Macedonia’s 2.1 million population.
“Фокс Њуз” додава дека Албанците опфаќаат една четвртина од популацијата во Македонија и напоменуваат дека Законот за примената на јазиците најпрво се донесе во 2001 година после воениот конфликт, кога истиот се воведе како втор службен јазик во општините во кои Албанците сочинуваат повеќе од 20% од населението.
На крајот од објавата се пишува дека, опозициската партија (се мисли на ВМРО-ДПМНЕ), смета дека овој Закон нема да ги подобри меѓуетничките релации во државата.
А/Г/