Акцијата за апсење е изведена во областа помеѓу егејските острови Кеа и Макронисос, а резултирала со заплена на 1,6 тони хашиш
Грчката полиција во спектакуларна и драматична акција на Јонското и Егејското море, во која учествувал и хеликоптер со снајперисти, уапсила 11 криумчари на дрога, меѓу кои најмногу се Албанци, пишуваат денеска грчките медиуми.
Се верува дека уапсените се поврзани со мрежа која криумчарела голема количина на дрога од Албанија во Италија и Грција. Порталот “Катимерини” пишува дека криумчарите се уапсени во саботата, а дека крајбрежната стража го објавила видеото вчера.
Грчките власти велат дека осомничените се поврзани со мрежа на криумчари на дрога која обвинителството во Албанија минатиот месец ја поврза со поранешниот министер за внатрешни работи Тахири.
Меѓу уапсените е и 63-годишен грчки бизнисмен кој е сопственик на ресторани на популарниот остров Миконос и наводно отстапил три глисери за транспорт на дрогата.
А/Г/