Фејсбук со нови проблеми. Откако пред некој ден сопствениците на бизнис страници на фејсбук се пожалија на проблеми, од ноќеска се појави нова мака. Ширум светот, а и кај нас во Македонија нешто невообичаено се случува со социјалната мрежа Фејсбук. Забележани се проблеми со отварањето на милион страници на Фејсбук и не се прикажуваат постовите кои последни се објавени.
Корисниците на социјалната мрежа, денеска на страната не гледаат ништо. Се појавија сиви линии кои досега се немаат појавено на страната.
Фејсбук не е паднат само кај нас туку и во Италија, Финска, Русија, Украина, Шпанија, Грција…со што корисниците страниците ги гледаат на мобилен, но не и на компјутер.
На форумите корисниците прашуваат дали се ближи крајот на популарната мрежа која десетина години е главна алтка за комуникација меѓу луѓето.