Од 12 до 14 октомври во кино Мис Стон, како и години наназад, ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм, што ЦК „Марко Цепенков“ традиционално го реализира во соработка со Германската амбасада. Фестивалот на новиот германски филм докажува дека германскиот филм живее и дека интересот за „големото кино“ не стивнува. Фестивалот е константа во културниот живот во земјата, вклучувајќи го и Прилеп. Филмовите овозможуваат да се ѕирне во животот низ сите негови бесконечни фасети.
Четврток, 12.10 – 20.00 часот – свечено отворање во присуство на претставници од Германската амбасада
„Чик“ , комедија драма во режија на Фатих Акан
Наменето за публика од над 12 години. Филм – вицкаст, кул, пореален од реалноста во секој случај подобар, добитник на Баварската филмска награда за 2016 – „Најдобар филм за младинци“, филм за патувањето на младинци, без карта и без компас низ летна дестинација
Петок, 13.10 – 18.00 часот
„Тони Ердман“ режија Марен Аде, трагикомедија
За публика од над 12 години. Добитник на германската филмска награда 2017 , златна награда во категориите – „најдобар игран филм, најдобра режија, најдобра женска и машка главна улога, најдобро сценарио“, Европска фимсла награда 2016, Номинација за оскар за 2017 – Најдобар филм од неанглиско говорно подарчје“, Номинација за Златен глобус 2017
20.00 часот –
„Херберт“, режија Томас Штубер, драма
Силна трогателна приказна, автентична драма за еден боксер и неговата последна борба. Добитник на германската филмска награда 2016 , сребрена награда во категориите ,, најдобар игран филм и најдобра машка улога,,
Сабота, 14.10. – 16.00 часот
„Авантурата на нели,,, детски филм, режија Доминик Весели
Забавен филм за целото семејство, пледоаје за соживотот и храброста да се бранат сопствените убедувања“. Добитник на германската филмска музичка награда за 2016
18.00 часот
„ На иста висина“, филм за младинци, режија Јоаким Долхопф, Ефи Голдбрунер.
20.00 часот
„24 недели“, драма во режија на Ане Зохра Берахед
Наменето за публика од над 12 години. „Радикален филм, нефер, трауматизирачки, неверојатно тажен , искрен и добар“. Добитник на Германската филмска награда за 2017 – сребрена награда во категоријата за најдобар игран филм.