Фестивалот го оправда мотото „Едноставно најдобри“, оценка на организаторите и гостите (ФОТО+ВИДЕО)

DSC_0572

Уште еден Пиво фестивал за паметење. Сношти заврши петнаесеттото јубилејно издание кое помина во знакот на одличната организација, секогаш вкусната скара, ладното пиво, како и одличната забава каква што доликува за Најголемото случување во годината во Македонија.

DSC_0580

Во изминатите четири дена посетителите имаа можност да уживаат во различните хитови на популарните ѕвезди и во програмата која ги опфаќа сите генерации. Четвртата вечер кулминираше со настапот на Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар како и балканската мега ѕвезда Северина.

DSC_0577

„Јас му се заблагодарувам на градоначалникот и на организаторите што повторно ме поканија да настапам на Пиво фест тоа значи дека љубовта е заемна, вечерва ќе има добра забава и многу пиво“, кажа Северина.

_MG_0258

Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЦГИ,  организаторите и до сите институции и угостители кои дадоа максимален придонес се да биде во ред и за јубилејниот 15-ти фестивал на пивото и скарата.

DSC_0574

Сноши на сцената шармантната и сексипилна водителка Марјана, ги најави добитниците на новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените Крушевчани имаа можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и ја добијат маскота мајмун.

_MG_0536

Изминатите четири фестивалски дена донесоа многу забава, многу испиено пиво, изедена скара и спомени за вечно паметење. На сцената застанаа многу ѕвезди од земјата и балканот. Фестивалот го оправда мотото „Едноставно најдобри“, под кое се одвиваше оваа година и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.

_MG_0310

_MG_0423

_MG_0606

IMGM7724

IMGM7871

IMGM7961

IMGM8034

IMGM8071

IMGM8077




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.