ФРУСТРАЦИЈАТА НА ГРЦИТЕ: ДНК истражувањето на ИГЕНЕА, уште еднаш докажува кои се наследници на античките Македонци

Наместо да се интересираат за сопственото потекло и историја, грчките посетители на сајтот на „Игенеа“ се интересираат за, како што тие не нарекуваат тие „Славомакедонците“ на што од признатиот швајцарски институт им одговараат: „Пред се, Македонците се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло“.

Денешните Македонци се потомци на античките, покажаа резултатите од истражувањата на швајцарскиот институт ИГЕНЕА објавени пред речиси една деценија. Институтот кој се бави со генетски истражувања на Европските народи и кој важи за еден од водечките во областа на ДНК анализи ги исфрустрираа Грците потврдувајќи го потомството на Македонците. На прашањето кое го поставува грчка државјанка, а кое гласи: Кои се корените на Славомакедонците, институтот на нивниот официјален форум одговара:

– Пред се, тие се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло.

Ваквите податоци Институтот за генетски истражувања ги поткрепува со докази. Но, податоците за потеклото на Македонците не е единственото разочарување за Грците. Според истражувањата на ИГЕНЕА само 32 отсто од Грците всушност имаат хеленско, македонско, па дури и арапско потекло. Дури 31 отсто имаат келтски корени, 12 отсто германски и словенски, а 11 отсто од Грците водат потекло од Илирите.

ИГИНЕА ги негира и илирските корени на Албанците. Наспроти верувањата на Албанците, ИГЕНЕА тврди дека тие најмалку имаат илирско потекло. Според генетските истражувања, само 20 отсто од Албанците имаат илирски корени, додека пак 40 отсто од народот кој живее на територијата на Босна и Херцеговина се директни потомци на Илирите.

Споредувајќи ги Ѕ-хромозомите, Игенеаа дошла до сознанија дека во Македонија е најприсутна групата 12а, која што велат, потекнува од Балканот, а денеска, покрај во Македонија, често може да се најде и во Хрватска и во Босна. Ова е ретка лоза, која што е забележана и во Западна Европа, вклучувајќи ги и Британските острови. Втората најприсутна група е Е1б1б, која што потекнува од Источна Африка, а во денешно време е најприсутна кај народите во Европа, особено на Медитеранот и на Балканот.

Генерално, сите балкански народи имаат одреден дел словенско потекло, но, само кај Македонците доминираат корените од Античка Македонија и мал дел од Грците влечат античко потекло. Другите балкански народи воопшто немаат вакви корени.

Инаку, „Игенеа“ е водечки институт во генетските истражувања. Во своите анализи, швајцарскиот институт, покрај генетски, користи и историски, археолошки и антрополошки извори.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.