ФОТО: 57 години од матура! Еве како се чувствуваат старите матуранти во Прилеп

Матуранти од прилепската гимназија “Мирче Ацев” кои завршиле средно образование во далечната 1961 година, на 12 мај 2018 година ќе прослават цели 57 години од матура.

Годините се само бројка стои во поканата, каде е напишана и интересна мотивирачка порака.

“Најдолгиот маратон е животниот маратон, мојата (нашата генерација) ги трча последните кругови од својот животен маратон. Оној кој што сака да трча на овој пролетен маратон целта е гимназија “Мирче Ацев”. Нема да се прогласи победник. Победници се сите оние што ќе пристигнат на целта. Господ нека ви дава здравје и уште долго да го трчате животниот маратон” – гласи поканата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.