Колумбиската пејачка Шакира со години и беше верна на нејзината боја на косата.
Многумина заборавија со кои бои експериментираше на почетокот од кариерата. Судејќи по фотографијата која ја објави на Инстаграм, токму на таа боја и се врати сега.
Таа моментално снима спот за нејзиниот најнов сингл, па обожавателите ги израдува со фотографија од еден од сетовите.
На фотографијата Шакира ја покажа и новата боја на косата. Таа повеќе не е русокоса, сега косата ја обои во црвено.
“Црвенокосите се повеќе забавни”, напиша пејачката под фотографијата.
А/Г/