Морган Џојс Варн (24) е уапсена во Јужна Каролина поради вооружен грабеж и киндапирање, но нејзината фотографија од полиција ги преплаши сите на социјалните мрежи, пренесува “The Sun”.
Луѓето на социјалните мрежи се преплашени и велат дека жената е опседната од демон, нарекувајќи ја проколната. Луѓето не се вознемирени од тетоважите на Морган, кои се необични и се наоѓаат по лицето и вратот, туку тие се вознемириле од нејзините целосно црни очи.
Фотографијата на 24-годишната Морган е објавена на Фејсбук профилот на канцеларијата на шерифот во Јужна Каролина. Корисниците на социјалните мрежи се вознемирени бидејќи Морган дозволила да и стават игла во очите и да ги обојат црно.
Ф.Г.