Тинејџерката со своето возило удрилa во просториите каде што се полага возачкиот испит.
17 годишна девојка ги помешала педалите и наместо на кочница таа притиснала на педалата за гас и удрила во објектот во кој се полагаат тестовите за возачка дозвола.
Инцидентот се случил во Бафало, Минесота. За среќа немало повредени луѓе во овој инцидент.