Teшка сообраќајна несреќа се случила утринава на патниот правец Прилеп-Градско, кај тунелот на Плетвар, јавува порталот “News24“.
Причините сеуште не се утврдени, но како што јавуваат очевидци за “News24” причината е лизгавиот коловоз.
Од фотографиите се гледа дека судрени се автомобил и комбе, полицијата е на терен и ги утврдува причините за настанатата несреќа.
На фотографиите се забележува и возилото на брза помош кое за кратко време пристигнало на местото.
Според очевидци има и повредени, но не е позната нивната состојба.
Повеќе информации подоцна!