Неговата авантура траела 8 години
Мајкл Бернд кој потекнува од околината на Дрезден имал 23 години кога решил да седне во авион и да отпатува во Австралија. Таму запознал Бразилка со која ја поминал ноќтта, а тоа искуство толку го воодушевило па одлучил да пропатува стотина земји и во секоја од нив да спие со барем една жена.
Така започнала неговата авантура која траела 8 години.
За тие 8 години доживеал многу. Бил порно глумец во Шпанија, а во Мексико завршил во затвор поради секс на јавно место. Пливал со ајкули, научил неколку јазици, пробал разни дроги и направил бројни тетоважи.
За да ги финансира своите патувања, работел секакви сезонски работи, најчесто во ресторани. Во Австралија готвел за Владимир Кличко и австралиските фудбалски репрезентативци.
За време на своите патувања ќе се оженел дури два пати, еднаш за да добие виза во Австралија, а вториот пат во пијана состојба во Лас Вегас.
Кога бил на крајот од својата цел, се случило нешто што му го променило животот – ја запознал љубовта на својот живот, Лиса.
“Ја запознав во 90-тата држава. Беше полна со разбирање и сметаше дека прво треба да ја завршам мојата авантура. Тоа и го направив, а сега двајцата патуваме заедно” – заклучил Мајкл кој за својата авантура напишал и книга.