Синоќа во Лас Вегас се одржа церемонијата на доделува на “АВН” наградите (порно Оскари), на кои присуствувала и Стефани Клифорд, позната како Сторми Даниелс. Таа е во центарот на вниманието откако во последно време се повеќе има интерес за нејзината наводна сексуална врска со претседателот на САД Доналд Трамп.
Таа синоќа блескала во Лас Вегас додека шетала по црвениот тепих со длабоко деколте.
Порно глумицата носела свечен фустан, а нејзиното огромно деколте дефинитивно привлекло најмногу внимание.
Таа последните недели привлекува внимание во јавноста поради своите наводни афери со Доналд Трамп. Медиумите објавија вест дека адвокатот на Трамп во 2016 година пред американските избори и платил на Сторми Даниелс сума од 130.000 долари за податоците од наводната афера да не ги изнесува во јавност.
Меѓутоа, изгледа оваа русокоса уште во 2011 година за еден магазин ги кажала сите пикантни детали од својата наводна врска со Доналд Трамп.
Парот се запознал на една голф турнеја во 2006 година, а набрзо потоа заедно вечерале во хотел, а после тоа имале секс, за кој порно ѕвездата рекла дека не бил ништо посебен.
Строми Даниелс одлучила да ги искористи своите 5 минути слава па тргнала на турнејата “Да ја напалиме Америка одново”. Планирано е таа да има повеќе стриптиз настапи за време на турнејата.
Според наводните информации, таа во вторник би требало да се појави во популарната емисија на американскиот водител Џими Кимел.
Што рекла Меланија за наводната афера на својот маж?
После медиумското премолчувањето на аферата на својот маж, Меланија конечно одлучила да се обрати до јавноста.
Всушност, нејзината портпаролка Стефани Гришам, го критикувала “изнесувањето на валкан веш и лажно известување”.
Taa се огласила откако Меланија ги откажала своите планови да му се придружи на Трамп на Светскиот економски форум во Давос.
Нејзината одлука да не патува со Трамп е објавена на 13-годишнината од бракот на овој пар.