Убиецот Франциско Херера Агуерта од Хондурас се обидел да избега од затвор преправен во жена, но фатен е откако во полицијата забележале дека оди чудно и зборува со машки глас.
Херера освен што носел женски алишта планирал да направи и лажни гради. Тој имал очила за сонце, лакирани нокти и руменило на лицето. На овој начин сакал заедно со останатите членови на семејствот, по посетата, да избега од затвор.
Ф.Г.