САД, Велика Британија и Франција во петокот изведоа воздушни напади во Сирија, а објавени се и сателитски фотографии кои покажуваат колкава штета направија.
На фотографиите се гледа дека зградите во Сирија се срамнети со земја.
Точно 76 проектили се лансирани врз истражувачкиот центар Барзах во северен Дамаск.
Челниците на Пентагон тврдат дека сите ракети биле прецизни и ги погодиле точните цели, додека од сириската армија го тврдат спротивното.