Жан Калмен од Франција имала 122 години и пет месеци кога починала во август 1997 година. Тогаш ја добила и официјалната титула за најстариот човек кој некогаш живеел.
Тајната за нејзината долговечност е навистина чудна. Таа правела спротивно од она што и го говореле лекарите.
Жан пушела цигари, пиела алкохол, најмногу црвено вино, јадела благо, а обожавала црвено месо. Пред доручекот пиела по две шолји кафе.
Кога наполнила 111 години била избрана за најстарата личност во Франција, а на 113 години, најстара во светот. На 114 години станала најстарата личност која се појавила во филм, благодарение на улогата во филмот “Винсент и јас” од 1990 година.
Кога наполнила 116 години станала првата личност која воопшто доживеала толку долго, а на 120 години го објавила и музичкиот албум наречен ‘Љубовница на времето”.