Синоќа непознати сторители го демолирале седиштето на Демократската партија на Србите на Македонија во Скопје.
Партијата на Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Неодамна, за време на дебатата околу Законот за примена на јазиците, лидерот на оваа партија одржа и впечатлив говор во Собранието на Република Македонија.
“Јас сум единствениот Србин пратеник во Собранието на Република Македонија кој до сега ги поддржал сите закони кои значат и носат подобрување на правата на Албанците во Р. Македонија. Но, што вие направивте за правата на помалите етнички заедници? Сакате да ви дадам одговор!? Одговорот е поразителен! Милиони амадмани на изборниот законик каде се бара гарантирани места за помалите етнички заедници. Блокиран процес, помалите етнички заедници исфрлени од политичкиот и од секој друг процес”, истакна на дебатата Стоилковиќ.