ФОТО: Однапред се знаело кој ќе победи? Точниот резултат од финалето на Евробаскетот објавен на семафорот пред натпреварот

Неверојатна ситуација е забележана на семафорот пред почетокот на финалето на Евробаскетот.

По завршувањето на финалето, каде Словенија ја победи Србија со 93:85 се појави и првата теорија на заговор за натпреварот.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, во дневникот на телевизијата Н1 во 19 часот пред натпреварот новинарот земал изјава од Саша Дончиќ, син на Лука Дончиќ, кој работи како стручен коментатор за словенечката телевизија.

Во позадина, на семафорот стоел резултатот со кој е и завршен натпреварот во корист на Словенија.

Иако некои ова го гледаат како теорија на заговор, медиумите објаснуваат дека Шпанија во борбата за бронзениот медал ја победи Русија со идентичен резултат. Подоцна биле сменети знамињата на репрезентациите на семафорот, но не и резултатот, па така се доаѓа до неверојатната коинциденција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.