“SACO HARDWARE” е трговски ланец од Саудиска Арабија чија реклама за базени моментално е главна тема на Твитер.
Имено, тие оригиналната фотографија на која семејство се наоѓа во базен, ја промениле така што мајката ја “претвориле” во топка, а на децата и таткото им ставиле облека.
Иако на луѓето им е чудно, ова е сосема нормално во Саудиска Арабија, тие постојано ги бришат жените од каталозите. Верувале или не оваа држава е поставена во комисијата на Обединетите Нации да ги заштитува правата на жените.
للمسابح حصة كبيرة ضمن عروضات ساكو! لا تفوتوها وقوموا بزيارة معارضنا #الكل_للكلhttps://t.co/YwaR99o792 pic.twitter.com/qL16qJOmJr
— SACO ساكو (@Saco_KSA) June 4, 2017
Ф.Г.