На почетокот на второто полувреме од натпреварот од финалето на Купот меѓу Пелистер и Шкендија кој се игра во Струмица, навивачите на Шкендија направи кореографија со албанското знаме и извикуваа Илирида, Илирида…
Тоа ја зовре атмосферата, официјалниот спикер ги опомена навивачите и најави прекин на натпреварот во случај да продолжат провокациите.
Шкендија е омилениот клуб на лидерот на СДСМ, кој неодамна со фотографија од трибините се пофали дека навива за Шкендија.
По инцидентот, од клупата на Пелистер исто така бараа прекин на натпреварот кај делегатот Дојчиновски. По мирното прво полувреме, продолжувањето на натпреварот е доведено во прашање.
Извор: kurir.mk
Фото: gol.mk