Односот меѓу Меланија и Доналд Трамп го привлекува вниманието на целиот свет уште од почетокот на кампањата на американските претседателски избори. По ианугурацијата на Трамп многу се зборуваше дека новиот претседател не ја почитува својата жена, а во прилог на тоа сведочат и голем број на снимки кои кружат во јавноста. Многу луѓе велат дека Меланија е жена во златен кафез и дека не е среќна, но и дека нема сила да му се спротивстави на својот сопруг, бидејќи нема свое “јас”. Како потврда на целата теорија сега се појави уште еден доказ, а се однесува на нејзиниот потпис за кој многу луѓе велат дека потсетува на потписот на нејзиниот сопруг.
Тоа е откриено кога на Твитер Памела Андерсон објави писмо кое е потпишано од првата дама на САД. Анализирајќи го нејзиниот потпис графолозите откриле нешто вознемирувачко.
Експертите сметаат дека Меланија се обидува да го копира својот сопруг. Прашањето кое се наметнува е дали тоа го прави спротивно на својата воља?
@flotus
Dear Melania,
Thank you for your sweet note.
It is heartwarming to see you
manage your position with such beauty and grace.
Pamela pic.twitter.com/h9mmdqxp0h— Pamela Anderson (@pamfoundation) May 3, 2017
Шеља Курц, аналитичарка на ракописи, за “Yahoo” вели дека сличноста е неверојатна, дека потписот е стилизиран што покажува дека Меланија добро го усовршила.
Ф.Г.