ФОТО: Мостот на желбите целосно урнат во силното невреме во Охрид

На социјалните мрежи кружат фотографии од пустошот на крајбрежјето на Охридското Езеро кое вчера го направи силното невреме.

Покрај многубројните локали кои претрпеа сериозни штети, на удар на брановите кои достигнуваа висина и над еден метар, се најде и Мостот на желбите.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, познатиот Мост е целосно урнат во вчерашното невреме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.