(ФОТО) МИГРАНТИТЕ СМИСЛИЛЕ НОВ НАЧИН ЗА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА: Цариниците тврдат дека до сега не виделе вакво нешто

На излезот на граничниот премин “Спрска Црња” спречени се двајца мигранти да ја преминат границата, скрини во кеси за ѓубре, соопшти Царинската управа на Србија.

Полицијата и царината веднаш ги откриле кога на царинска контрола пристигнал камион кој пренесувал брик амбалажа од Горни Милановац кон Русија.

“Цариникот кој го прегледуваше товарот и сам се шокирал кога во кесите за ѓубре видел човечка глава. Службеникот набрзо констатирал дека во товарот се наоѓа уште еден мигрант, но прекриен со кесите”, пишува во соопштението.

Од Царинската управа на Србија соопштуваат дека ова до сега не било забележано.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.