(ФОТО) Директорот на социјални грижи, во партиска улога во населбата “Тризла”?!

До нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледа како директорот на Центарот за социјална работа во Прилеп, инаку кадар на СДСМ, разговара со граѓани во населбата Тризла, во делот каде што живее претежно ромско население.

Според очевидци директорот делел партиски пропаганден материјал, а тоа може да се види и на фотографиите.

Дали директорот Живко Сиљаноски заборави што ветуваше неговиот лидер во предизборната кампања за парламентарните избори во 2016 година?

При секое појавување во јавност првите луѓе на СДСМ и нивниот лидер Заев постојано потенцираа дека ќе ја одделат партијата од државата.

Очигледно ова беше голема лага која граѓаните кои гласаа за СДСМ тогаш ја проголтаа.

Што им ветува Сиљаноски на граѓаните Роми и дали се точни чаршиските муабети кои кружат дека во текот на предизборната кампања за локалните избори на 15-ти октомври, тој делел и еднократна парична помош?

Доколку ваквите гласини се точни, директорот треба да е свесен дека тоа се коси со Изборниот Законик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.