Слаб е одзивот на граѓаните на вечерашната прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста. Поради малкуте луѓе, премиерот Зоран Заев реши да ја премести прославата во дворот, позади оградата за која најавуваше дека ќе ја руши.
На социјалните мрежи се појавија слики на кои се гледа дека луѓе со автобуси биле носени од други градови за да има поголем одзив. Сепак иако Владата носи луѓе од други градови во Македонија и тие се затворени со ограда, сепак успеа да собере само мал број граѓани. Од очекуваните 30.000, на прославата се појавија едвај 1.000 луѓе.
Вториот ден од одбележувањето минува во една помалку тажна атмосфера. Ограденото плато пред зградата на Владата се покажа прешироко за малкуте граѓани кои дојдоа на спектаклот што го приреди тимит на Заев за „спектакли“. Претстава за децата, уметничка инсталација, класична музика – ништо не го привлече вниманието на граѓаните за да се соберат во достоен број пред почетокот на официјалниот дел – обраќањето на премиерот.
Луѓето со автобуси беа донесени во Скопје од други градови. Како што пишуваат граѓани на социјалните мрежи, автобуси има од Куманово, Тетово и Велес. Иако Владата полнела автобуси, сепак не успеа да го наполни просторот.
Жестоки се и реакциите од граѓаните за носењето на автобуси од другите градови само за има колку-толку луѓе на прославата. Тие потсетуваат на изјавите на кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски.
-Што би рекол Стево Пендаровски: Ги качиле у комбе као СТОКА – Гладен народ на прославата од #Куманово #Велес #Тетово жално но вистинито, се вели во една од реакциите на граѓаните.
Што би рекол Стево Пендаровски: Ги качиле у комбе као СТОКА?
Гладен народ на прославата од #Куманово #Велес #Тетово
жално но вистинито ? pic.twitter.com/spF5bdI1I0— Началникот (@Nacalnice) September 7, 2017
Извор: Курир