Знаејќи дека немаат поддршка од граѓаните, СДСМ за митингот кој вечерва го одржа во Неготино си носеше партиски членови од други градови.
Но, дури и со автобусите од Струмица и Демир Капија, мал број на симпатизери беа дел од партискиот митинг.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва им се обрати на мал број на граѓани, бидејќи речиси никој не сакаше да го чуе неговиот говор и неговите ветувања. Само членството кое самите си го донесоа со автобуси и комбиња беше сведок дека Заев се уште ветува субвенции за земјоделците иако во пракса тој истите им ги крати, односно им ги условува.
За тоа колкав дебакл доживеа вечерва СДСМ, најдобар доказ се фотографиите од митингот во Неготино на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.