Девојка од Нови Сад, го паркирала автомобилот и заминала да полага испит. На шофершајбната оставила порака, во случај да наидат луѓето од паркинг службата.
“Ве молам не ја кревајте, имам испит. Ви благодарам од напред”, напишала Николина.
Кога се вратила, забележала дека покрај нејзината порака има уште едно парче хартија. Меѓутоа, тоа не била казна, туку порака од паркинг службата на која пишувало:
“Ние бевме тука и ќе дојдеме повторно. Ако не добиеш барем осумка, креваме”.
Оваа фотографија се рашири низ цел регион, а постапката на овој службеник ги воодушеви сите.
Ф.Г.