Дерил Џонс (27) барал работа отакко дипломирал на Универзитетот во Хал, но тврди дека не добил одговор од ниту една компанија во која аплицирал за работа, се додека од своето “CV” не ја отфрлил информацијата дека е лице со инвалидитет. Тој боледува од Марфанов синдром.
– Мојот другар аплицираше за слични работи како и јас. Имаше исто искуство како и јас, но тој постојано добиваше работа, а мене ми викаа дека немам доволно искуство – вели Џонс.
– Дури откако го тргнав податокот за мојот хендикеп од “Cv-то”, тогаш компаниите започнаа да ми одговараат- продолжува Дерил.
Дерил вели дека неговата состојба не го спречува да ги работи работите за кои аплицира.
– Не можам да работам физички работи, но канцелариски можам, администрација на пример. А аплицирав за се – тврди Џонс.
Оваа приказна ја потресе Британиија.
Ф.Г.