Со своето високо чело, бадемасти очи, тенки усни и слаба коса, Луо Јанпин од кинеската провинција Анхуи е вистинска копија на Владимир Путин, пренесува news.com.
Луо има и светли очи, што е многу ретка карактеристика за кинескиот народ, а висок е 172 центиметри, баш како и Путин.
Двојникот на Путин ја стекна својата популарност во медиумите кога кинескиот претседател Си Џипинг патуваше во Москва на средба со “вистинскиот Путин”.
Но и покрај својата слава, 54-годишниот Кинез се плаши дека нема да ја сретне љубовта на својот живот.
Тој гостувал во многу емисии и давал многу интервјуа, но неговиот живот воопшто не се променил. Тој работи како фармер и има малку приходи, па не може да си дозволи да се ожени.
Meet 50-year-old Luo Yuanpin from east China's Anhui who became famous only for bearing a resemblance to Russian President Vladimir Putin pic.twitter.com/hkkDVjPRen
— People's Daily,China (@PDChina) July 3, 2017
Ф.Г.