(ФОТО ГАЛЕРИЈА) “Влезот во Прилеп-депонија?!Од најчист, за 6 месеци највалкан град?!”

Срамна слика на влезот од Прилеп кај хотел Салида ги пречекува посетителите.

Ѓубре од секаков тип расфрлано низ околината. Шишиња, пластика и градежен шут ги прчекуваат сите оние кои влегуваат во градот под Марковите кули, кој од најчист и најуреден во целата држава, за само 6 месеци го изгуби тој примат.

Вакви фотографии секојдневно пристигнуваат до нас, а граѓаните се револтирани што веќе никој не води грижа за градот во кој беше незамисливо да се види вака расфрлан отпад.

Зошто оддеднаш се’  се промени и зошто градските власти не преземаат ништо?! – е прашањето кое ги мачи прилепчани.

На само 30-тина метри од влезот има куќи, па жителите од оваа населба секојдневно се соочуваат со оваа грозна глетка.

Прилепчани се сеќаваат на сликата од нивниот град која за само 6 месеци од доаѓањето на новите локални власти полека бледее.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.