(ФОТО) Во изминатите 12 години во Прилеп се рализирани бројни вредни проекти од областа на културата и културното наследство

BeFunky Collage

НУ Завод и Музеј од Прилеп е една  од најзначајните установи од областа на музејската дејност и заштитата на културното наследство во Република Македонија. Градот Прилеп претставува неисцрпена ризница на културно наследство, град со богата историја, во кој се одиграле голем број настани, град на преродбеници, револуционери и други напредни дејци. И токму оваа установа, го истражува и презентира повеќевековната историја на Прилеп и прилепско.

DSC00951

Градоначалникот Марјан Ристески во неговото излагање посочи дека, во изминатиот период општина Прилеп зедно со НУ „ЗАВОД И МУЗЕЈ – ПРИЛЕП“ и претходното Министерство за култура имаа инвестирано во голем број на проекти како што се:

  1. Новата археолошка поставка во НУ „Завод и музеј- Прилеп“ која содржи повеќе од 3.000 археолошки артефакти од праисторијата, па до средниот век
  2. Реновирање на Участакот, проект вреден 3,3 милиони денари
  3. Направена е целосна реконструкцијаи партерно уредување на Градскиот часовник во Прилеп
  4. Реконструкција доживеа и Паркот на револуцијата и „Алејата на Народните херои“ кои претставуваат вистински споменик на култура
  5. Прилепчани ја добија и „Патеката на славните“, која се простира по целата должина на Арт плоштадот, поставени се плочи со повеќе од 24 имиња на истакнати дејци од Прилеп од областа на културата и уметноста
  6. Прилеп доби два нови лика со конзервацијата на куќите на Бектешовци и Жеревци.
  7. Вложивме и во манастирите и црквите во градот и околината:

_MG_2518

_MG_2530

1

DSC_0441ab

FUN_4257

  • Манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Варош доби нов источен конак
  • Започнат е проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на конаците од манастирскиот комплекс „Трескавец“
  • Се работи и во црквата и трпезаријата од манастирот „Успение на Пресвета Богородица“-Трескавец
  • Конзервација на фрескоживопис на црквата „Св. Никола“, с. Манастир – Мариово овој проект се работи во фази. Започнат е во 2010 година по добивање конзерваторско одобрение
  • Проектот за Конзервација на фрескоживопис на црквата „Св. Никола“, с. Зрзе. Со реализација на овој проект се започна по добивање на конзерваторско одобрение во 2015 година за која беа одобрени 350.000 ден.Продолжи во 2016 година, со одобрени 200.000 ден. кои се реализирани оваа година, а целосно завршување на конзервацијата на фрескоживописот се планира да биде во 2017 година.
  • 2016 година манастирскиот комплекс „Зрзе“ доби нови монашки конаци, целокупната обнова на манастирот чинеше 92.000.000 денари
  • Се работи и на Конструктивно зајакнување на темелите на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир Мариово.
  • Изградени над 20 000 м2 плоштадни површини во Прилеп, инвестиција од околу 100 милиони денари
  • Во последните 12 години Прилеп комплетно го промени својот лик, и од едно запуштено место стана вистински урбан град со модерни плоштади и места за одмор и релкасација.

IMG_4248

IMG_4600

  • Комплетно се реконструираше плоштадот Методија Андонов Ченто, на површина од 8.222 м2, инвестиција од 22.805.324 денари
  • Се изгради плоштадот Александрија со помош на донации од бизнис секторот на површина од 5.000 м2, за што беа инвестирани 30.827.104 денари.
  • Пред домот за култура „Марко Цепенков“ се изгради т.н. „Арт плоштад“ ма површина од 3.134 м2, за што беа инвестирани 20.770.312 денари
  • Партерно се уреди пешачката улица „Борка Талески“ на површина од 1.933 м2, инвестиција од 12.360.535 денари
  • Се изгради плоштад околу Градскиот часовник на површина од 1.580 м2, за што се инвестираа 7.045.281 денари.
  • На површина од 30 м2 се изгради постаментот и новиот споменик на Крали Марко кој беше поставен на плоштадот Методија Андонов Ченто, инвестиција од 2.809.139 денари
  • Освен овие плоштади исто така се изградија и т.н Цветни пешачки патеки во старата чаршија на површина од 7.761 м2, а се изгради и комплексот плоштад кај споменикот „Карпалак“.
  • Ова се само дел од големиот број на проекти кои се реализираа во Прилеп и населените места за изградба на плоштадни површини.

Значи за 12 години се изградија плоштадни површини на над 20.000 м2, за што беа инвестирани над 100 милиони денари или над 1,6 милиони евра.

Во наредниот период ќе инвестираме во нови плоштадни површини и тоа продолжување на проектот за докомплетирање на пешачката улица „Борка Талески“, нови плоштадни површини ќе добијат цркавата „Св. Петка“ и „Св. Благовештение“, а ќе продолжиме со дополнување на цветната патека, патеката на славните, пешачки патеки на булевар „Гоце Делчев“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  1. Во текот на изминатиот период од страна на ЕЛС Општина Прилеп беа подигнати повеќе спомен обележја, спомениците на Кузман Јосифоски – Питу, Пере Тошев, Пеце Атанасовски, Ѓорче Петров, Блаже Конески, Круме Кепески и се разбира спомен обележјето „Карпалак“, ова докажува дека градот херој покажа достоинствено одбележување на големите великани и значајни личности од нашата историја

 

Во наредниот период Прилеп и Прилепчани ќе ги добијат и спомен одбележјата на познатиот лик  Дуче Барабанџијата, смоменик ќе добие и народниот херој „Мирче Ацев“, „Битката на ножот“, Алејата на народните херои ќе биде збогатена со 5 нови бисти, а свој нов лик ќе добие и споменикот „Песијобрдце“

 

 

  1. Во рамки на Проектната програма на НУ Завод и Музеј – Прилеп, работеше и на археолошките истражувања на локалитетот „Бедем – Стибера“ , „Систематски археолошки истражувања на комплексот „Трескавец“, с. Дабница”, Археолошки истражувања на локалитет „Сурун“, с. Дупјачани, Заштитни археолошките истражувања на тумулот и на локалитетот „Попов нос” кај с. Чаниште.

 

Сите овие инвестиции придонесоа за разубавување на градот, промоција на градот и подобрување на локалната економија преку развој на културниот туризам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.