Денеска во Прилеп во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, со почеток од 10 часот, започна 9-тиот по ред Меѓународен турнир во џудо “Прилеп град херој – 2017”. На турнирот учество земаа околу 250 џудисти од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.
„Џудото потекнува од Јапонија стотици години наназад, а јас денеска сум многу среќна што сум тука и што гледам толку многу среќни лица“, посочи Кеико Ханеда амбасадорката на Јапонија во РМ.
„Многу голема чест и задоволство ми е што турнирот ќе го отвори амбасадорката на Јапонија кој воедно и главниот организатор на настанот, задоволен сум од посетеноста на гостите кои ни доаѓаат надвор од Македонија и благодарност до Македонската Џудо Федерација која ни овозможи да се оддржи овој турнир, до општина Прилеп и се надевам на фер борби“ посочи Дејан Ширкоски, претседател на џудо клуб „Сеишин“ и генерален сектератр на Џудо Федерација на Македонија.
Турнирот беше во организација на Џудо Клубот “Сеишин” од Прилеп, наменет е за пионери-ки и кадети-ки, а се оддржа по повод државниот празник “11-ти Октомври”.