ФОТО: Вака вежбаат армиските „Ренџери“

Припадници на АРМ од ренџерскиот баталјон  од составот на полкот за специјални операции учествуваат на вежбата „Заеднички предизвик 2017 (Common Challenge 17) во  Црна Гора.

rendzeri-zaednicka-vezba

– Ренџерите во изминатите денови во континуитет ги покажуваат своите способности во совладување на тешко пристапен терен на полигонот за обука „Липово“, информира Канцеларијата за односи за јавност на Генералштабот на АРМ.

rendzeri-zaednicka-vezba1

Користење опрема за јазење, тактичко движење на патека за качување, борбено обезбедување, спасување повредени во тешки услови и користење хеликоптери за евакуација на повредени се дел од активностите кои ренџерите на АРМ ги изведуваат заедно со припадниците на 24. планински баталјон на вооружените сили на  Австрија и припадниците на војската на Црна Гора.

rendzeri-zaednicka-vezba2

rendzeri-zaednicka-vezba3

rendzeri-zaednicka-vezba4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.