Кога една Русинка пред околу 6 години се венчала со својот избраник, сликите од нивната церемонија многу брзо почнале да се шират по социјалните мрежи, најмногу поради изгледот на невестата.
Многумина за неа рекле дека е „најгрдата невеста која некогаш ја виделе“, а на нејзина сметка имало безброј навреди и негативни коментари.
Исто така голем број на луѓе тврделе дека овој брак нема да потрае, но сепак овој пар од Русите сите ги демантирал.
Имено, еден новинар од Русија се сетил на оваа двојка, па неодамна решил да ги побара. Кога се сретнал со сопружниците не можел да си поверува на очите. Најгрдата невеста не личела на себе. Освен ригорозните диети со кои симнала повеќе од 40 килограми, таа признала дека била и на низа операции, две липосукции, надградба на коса и неколку естетски корекции на лицето. Трансформацијата е неверојатна.