Фото: А. ИВАНОВСКИ, Република
Граѓани денеска протестираа пред Владата во знак на револт поради преквалификација на делото од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со загинувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
Учесниците на протестот носea транспаренти „Нема правда, нема мир“, и „Каде ви е совеста македонско обвинителство“, како и детски играчки и детска облека.
Една од фотографиите на кои е ликот на Јавниот обвинител, Љубомир Јовевски, е со порака која може да се протолкува и како заканувачка, бидејќи на неа е прикажана дупка во неговото чело од која тече крв.
Пред крај на протестот за малиот Алмир албанско знаме беше закачено на оградата на Владата. Полицијата не интервенираше – oбјави порталот “Република”.
На почетокот на протестот кога актерот и организатор Висар Вишка се обрати на македоснки јазик, толпата го исвирка извикувајќи „шќип“. Вишка продолжи да зборува на македонски, а имаше и превод на албански.