ФОТО:”Парите за базен во Прилеп, заминаа за двојазичноста и вработувањата таму…?!Градоначалникот го вети, ама изгледа ќе се гради понатаму од казните за јазикот?!”

Ништо од покриениот базен кој новиот градоначалник на Прилеп го вети пред граѓаните за време на предизборниот период.

За бомбастично најавуваниот здравствено – спортско – рекреативниот центар со покриен базен во салата “Maкедонија”, кој Јованоски и СДСМ го ширеа пред да ja преземат локалната власт, нема предвидено средства во централниот буџет на државата.

Со оглед на тоа дека ваков проект чини многу пари, а општината нема толкал буџет самостојно да го реализира, потребна е дотација од страна на централната власт, а таму предвидени се средства за новите органи на државниот апарат кои ќе се грижат за спроведување на Законот за употреба на јазиците, но не и за базен во Прилеп.

Владата на СДСМ предвиде средства за Инспекторат за употреба на јазиците, како и Агенција за примена на јазикот, органи кои ќе се грижат и ќе казнуваат доколку двојазичноста не се почитува на територијата на сите општини….

За капење и пливање во зима прилепчани ќе почекаат или тешко дека ќе дочекаат со вакво лежерно темпо на работа какво што наметна новата локална власт во градот.

Но, ако не работат на исполнување на ветувањата со кои ја добија поддршката кај граѓаните, активни се на друг план, а тоа се партиските вработувања и реваншизмот кој цвета во изминатите 3 месеци.

Што ветуваше Јованоски, погледнете во видеото во продолжение:

За затворен базен прилепчани веројатно ќе почекаат на казните од Законот за употреба на јазиците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.